„Преземени се сите дејствија и се испитуваат причините и евентуалните мотиви за опожарувањето. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а се врши увид и во снимки од камери за видео надзор“, информираа од Јавното обвинителство.
Оттаму потврдија дека еден од опожарените автомобили е во сопственост на јавен обвинител.