среда, 5 февруари 2025

Обвинителството ја потврди акцијата на ФП за работата на СОЗР

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција врши претреси на локации во Скопје за обезбедување докази за кривични дела проневера во службата и несовесно работење во Службата за општи и заеднички работи. Како што објави МКД.мк според сѐ уште неофицијалните информации, станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила, поткуп, проневера и фалсификување служебена исправа.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„ОЈО Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија“, информираат од ЈОРМ.

Како што објави МКД.мк според сѐ уште неофицијалните информации, станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила, поткуп, проневера и фалсификување служебена исправа.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ