„Со предлогот, обвинителството бара судот на осомничениот да му определи мерки на претпазливост согласно Законот за кривична постапка, односно обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган кој ќе го определи судијата на претходна постапка и привремено да му биде одземена патната исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државна граница на име на осомничениот, како и забрана за употреба на лична карта на име на осомничениот како исправа за преминување на државната граница“, информираа од ОЈО ГОКК..
Во барањето се наведува мерките да траат додека постои потреба, а најдоцна до правосилноста на евентуална пресуда.
Мемети заедно со врховниот судија Наке Георгиев се осомничени за примање награда за противзаконито влијание затоа што му ветувале на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев дека ќе му ја олеснат состојбата затоа што тој од март се наоѓа во притвор поради шверц со дрога.