недела, 22 декември 2024

Обвинителот Бајрами ќе ја води Комисијата за кривични дела против изборите и гласањето

Обвинителот Џељаљ Бајрами ќе ја раководи Комисијата за кривични дела против изборите и гласањето на државното Јавно обвинителство, соопштено денеска по првиот колегиум што го одржал новоизбраниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Објавено на

часот

Сподели

На првиот колегиум под негово водство, Коцевски ги запознал колегите со приоритетите од програмата за неговиот мандат и активностите за јакнење на транспарентноста и довербата во институцијата.

„Со оглед на распишувањето на новиот изборен циклус, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија повторно ја активира Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од глава шеснаесет – кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на изборите. За претседател на комисијата е определен јавниот обвинител Џељаљ Бајрами.

Во привремената Комисија членуваат по еден јавен обвинител од четирите Виши јавни обвинителства и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

Проактивното и превентивно делување на Јавното обвинителство поврзано со претстојните избори е во насока на приоритетно постапување за извршени изборни нерегуларности. Комисијата на дневна основа ќе ги следи сите настани поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите и секаде каде ќе оцени дека има индиции за сторени кривични дела поврзани со изборите ќе ги известува пониските основните обвинителства со насока за итно постапување.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја повикува јавноста, граѓанските организации, други организации, политички партии, домашни и меѓународни институции и сите кои сметаат дека во некоја постапка има индиции за сторено кривично дело поврзано со организирањето и спроведувањето на изборите, да достават поднесок/пријава до Комисијата“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Поднесоците и пријавите може да се испраќаат на електронската адреса – [email protected]

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ