Гласачкото место е затворено во 16:00 часот, по што Комисијата која ги спроведува изборите во ВЈО Скопје го објави записникот од спроведеното гласање.
Од вкупно излезени 84 гласачи, кандидатот број еден, јавната обвинителка Јасмина Здравеска Костеска, од Основно јавно обвинителство Скопје доби 32 гласа, кандидатот број два, јавната обвинителка Сузана Кузмановска Мирческа од ОЈО ГОКК Скопје доби 7 гласа и кандидатот број три, јавната обвинителка Зорица Павловиќ, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје доби 44 гласа. Едно ливче било неважечко, објави Комисијата.