„Честитки до Гордана Сиљановска-Давкова, досега првата избрана жена за претседател на Северна Македонија. Како сојузници, партнери и пријатели со Северна Македонија со нетрпение очекуваме да работиме на значајни реформи и заеднички цели на патот кон евроатлантската интеграција“, напиша О`Брајан.
Сиљановска-Давкова победи во вториот круг на претседателските избори што се одржаа на 8 мај. Истовремено, на парламентарните избори партијата ВМРО-ДПМНЕ освои 58 места во 120-члениот парламент
Победата претходно ја честиташе и американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер.