Во Скопје променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Дневните температури ќе се движат од 9 до 18 Целзиусови степени.