Во Скопје претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а преку денот ќе преовладува променливо облачно време.
Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд.
Дневните температури ќе се движат од 2 до 10 Целзиусови степени.