Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Утре ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи, кои поради продор на постудена воздушна маса ќе бидат претежно од снег. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во среда и четврток ќе преовладува стабилно време, а во петок и во деновите од викендот на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат во опаѓање.