Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 28 до 36 Целзиусови степени.