петок, 25 октомври 2024
Време

Облачно со локален дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд претежно во западните и северните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (наместа над 70км/ч). Минималната температура ќе биде од 10 до 18, а максималната од 18 до 26 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 23 степени.

Според УХМР, од недела температурите ќе бидат во опаѓање. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ