Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Утре времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер.
Дневните температури ќе се движат од 8 до 20 Целзиусови степени.