Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре преку ден ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Потоа ќе преовладува стабилно и постудено време со ниски утрински температури, кои од среда насекаде ќе бидат под нула. И во среда ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.