вторник, 24 септември 2024
Време

Облачно и топло, попладне во западниот дел дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне, претежно во западните делови ќе има локална појава на повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност поголема попладне кога ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Утре времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

Дневните температури ќе се движат од 19 до 30 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ