Во Скопје претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 19 Цезиусови степени.
Утре наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. утре максималните температури ќе се движат од 11 до 17 Целзиусови степени.
Во четврток и петок утрата ќе бидат студени, а преку денот ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во петок ќе има услови и за слаб локален дожд.