понеделник, 30 декември 2024

Обединето Нерези кани на прослава на Денот на независноста

Сите вие кои продолжениот викенд ќе останете во Македонија, Обединето Нерези ве поканува на петтото јубилејно прославување на независна Македонија, се вели во повикот на групата граѓани со името Обединето Нерези. Прославата на Денот на независноста, 8 Септември ќе започне вечерва во 20 часот на игралиштето во Нерези.

Објавено на

часот

Сподели

„Идејата за одбележување на празникот ја инициравме десетина луѓе за време на карантинот, кој беше воведен поради корона – вирусот. Првата прослава ја организиравме во 2020 година, а  од година во година бројот на присутни расте. Ние,ја сакаме Македонија, но можеби карантинот ни даде повеќе слободно време па дојдовме на идеја да почнеме една убава манифестација“, велат од Обединето Нерези.

Покрај жителите на Нерези, на прославата доаѓаат и граѓани од другите скопски населби. Собраните средства од прославата, Обединето Нерези, ги донира на оние на кои им се најпотребни.

Оваа година гостите ќе ги забавува диџеј. Организаторите ги канат сите заинтересирани кои сакаат да го прослават заедно со нив Денот на независноста, да дојдат на игралиштето Нерези.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ