понеделник, 23 септември 2024

Обединетите нации усвоија „Пакт за иднината“, за предизвиците од климата до вештачката интелигенција

Обединетите нации го усвоија „Пактот за иднината“, чија цел е решавање на големите предизвици на 21 век, од конфликтите, до климатските промени и човековите права, и покрај забелешките на група земји на чело со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Усвојувањето на текстот наиде на кратко одложување кога заменик министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Вершињин предложи амандман кој го истакнува принципот на немешање во внатрешните прашања на државите и ги повикува ОН да избегнат дуплирање на напорите.

Забелешките на Русија ги поддржаа Белорусија, Северна Кореја, Иран, Никарагва и Сирија, но амандманот со големо мнозинство беше отфрлен.

Генералниот секретар Антонио Гутереш, кој го организираше „Самитот на иднината“, го нарече договорот прилика која се пружа еднаш во генерација за преобликување на човечката историја со обновување на меѓународната соработка.

Како вовед во годишната седница на Генералното собрание на ОН на високо ниво, која почнува во вторник, 24 септември, десетици шефови на држави и влади се собраа на потпишувањето на текстот, пренесува Франс прес.

Во усвоената верзија лидерите се обврзаа да го зајакнат мултилатералниот систем за да „останат во чекор со светот кој се менува и да ги заштитат потребите и интересите на сегашните и идните генерации кои се соочуваат со постојана криза“.

„Веруваме дека постои пат кон посветла иднина на целото човештво“, се наведува во документот.

Во него се прецизирани 56 акции, вклучувајќи посветеност на мултилатерализмот, почитување на Повелбата на Он и зачувување на мирот, а се повикува и на реформи на меѓународните финансиски институции и Советот за безбедност на ОН, заедно со обновување на напорите во борбата против климатските промени, промовирање на разоружувањето и насочување на развојот на вештачката интелигенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ