вторник, 21 јануари 2025

Оаза за домување, чист воздух, мир и квалитетно дружење и социјализација – комплекс We are nature

Водени од идејата дека е сепак можно во близина на градскиот бетон на метрополата да се оформи среќен семеен живот, архитектонски пркосни и максимално ориентирани кон природата но и подготвени да одговориме на урбаните потреби, тимот на We are nature, внимателно ја осмисли приказната за резиденцијалниот комплекс со 10 куќи кои се распослани во подножјето на Скопска Црна Гора на 400 метри надморска височина и на само 8 километри од центарот на Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Да се фрли баскет со соседот, да се одигра одбојка на песок, а децата да „здивнат“ од електронските уреди и безбедно пред ваши очи да другаруваат, е сосема возможно во севкупната спортско-рекреативна инфрастуктура во рамките на комплексот.

Долги колони низ сообраќајниот метеж, бркотници до работа и училиште, стресни состаноци, и згора на тоа краток здив заради енормно загадување во централното градско подрачје, се дел од нашето скопско секојдневие. Сето ова, го намалува квалитетот на нашиот живот и покрај грчевитите напори да си обезбедиме елементарни услови за нашите семејства. Но, овој „модус вивенди“ значително полесно може да се мине, доколку домот е местото каде што ќе си ги овозможиме оние слободни мигови во мир со најблиските, кои ни ги полнат батериите за нови дневни битки.

Водени од идејата дека е можно сепак во близина на градскиот бетон на метрополата, да се оформи среќен семеен живот, архитектонски пркосни и максимално ориентирани кон природата, но и подготвени да одговориме на урбаните потреби, тимот на We and Nature, внимателно ја осмисли приказната за резиденцијалниот комплекс со 10 куќи кои се распослани во подножјето на Скопска Црна Гора на 400 метри надморска височина и на само 8 километри од центарот на метрополата, поврзани со идеална патна инфраструктура.

Ако замислиме исто така, колку време, нерви  и ресурси може да ни заштедат попладневни возења до одредена дестинација за спортски активности на децата или рекреација за повозрасните, потоа барање на место за семејни прослави, или едноставна релаксација и дружење со скара, а и покрај базен во летните месеци, несомнено е дел од концептот на овој комплекс за домување кој сето тоа го овозможува, практично на вашата адреса. Сите овие активности во безбедна атмосфера се загарантирани во дворна површина од 13.000 квадратни метри несообраќајна зона, на која сте косопственици со самото обезбедување на една од куќите.

Несомнено, бројни граѓани кои последнава деценија мигрираат кон периферијата, барајќи го своето парче мир, во услови на чист воздух и природни пејсажи, знаат дека можеби оддалеченоста од градот, знае да биде, и по малку осаменичка. Оттаму, креаторите на We and Nature  www.weandnature.com,  дизајнираа простор во кој секое семејство ќе има доволно интимност за приватниот живот, но истовремено ќе го негува духот на социјализација и на возрасните и на децата. Токму како едно маало од минатото проектирано по мера на човекот, во кое заеднички се негуваат сите вредности и радости на животот.    

Севкупната спортско-рекреативната инфрастуктура во рамките на комплексот содржи целосно ново социјално катче за децата, со лизгалки, клацкалки, лулашки, голема трамболина и сл, и тоа стратешки лоцирано пред терасата на заедничкиот простор, за да можат  родителите спокојно да ги набљудуваат своите деца, додека си го користат и времето за некое свое задоволство.

И тоа не е се, цели 100 метри квадратни на заеднички затворен простор се место каде што може да создавате нова меморија од организирање на најразлични настани, како прослави, предавања, презентации, јога часови, креативни работилници, изучување на нов танц или јазици и сл. Место има за сите, со претходна најава во системот за резервации каде членуваат сите жители на комплексот.

Скандинавците се најсреќни и поради тоа што ја негуваат еднаквоста

Речиси редовно на светскиот индекс на среќни нации, меѓу оние на врвот се наоѓаат скандинавските земји. Организираните општества, и функционалниот систем се секако фактор кој допринесува за тоа, но на пр. Шведска одамна ја негува и таа архитектонска визија за еднаквост при изградба на куќите, и просторна организација која одговара за потребите на едно семејство. Така, во We and Nature, куќите се еднакви однадвор и истовремено  прекрасна база секое семејство да си ја гради својата, единствена приказна внатре.

Внатрешна корисна површина во секоја од куќите е од 160 м2, позиционирани на два ката. Паркирањето на автомобилот нема да биде „чиста среќа за да најдете место пред зграда“, туку  е овозможено во гаражата која е лепенка до куќата и е со површина од 50м2, доволна за сместување на две габаритни возила. А за да ги смирите впечатоците од градскиот метеж, сами со пијалок во рака, и да вдишете чист воздух, можете на сопствената тераса од 40м2 во дворот или на 16м2 на горниот кат кој нуди прекрасен поглед.

Вие сте автентични креатори на вашиот ентериер – кажете збогум на скопските горештини

За да бидете автентичен креатор на ентериерот на вашиот дом, куќите се нудат во облик на целосно затворена карабина, со изработена фасада, прозорци и врати и поставен приклучок за струја и приклучок до водоводна и канализациона мрежа и геотермална (бунарска) вода. Инсталирани се 3 бунари со моќност од 10 литри во секунда. Со ова е овозможена основата, а за внатрешниот дел секој сам ја добива улогата на архитект и дизајнер под менторство на тимот на We and Nature и го дава последниот збор за естетиката на просторот, како и распоредот на внатрешните простории. Секоја и најмала фантазија за уредувањето, може да биде реализирана во вашиот единствен дом, според личните критериуми а со наша техничка логистика.

Што се однесува до чистиот воздух како есенцијален, водевме сметка да остане таков и во домот. Фасадите на куќите се изработени од 10 см камена волна која е многу поздрава опција од стиропорот. Камената волна е природен материјал кој овозможува ѕидовите да дишат, за разлика од стиропорот кој го блокира протокот на кислород.

Ова е исклучиво значајно во зимскиот период кога просториите поретко се вентилираат. Непреченото дишење на ѕидовите спречува внатрешна кондензација и влага во просториите, а со тоа не се дозволува таложење на бактерии и штетни микроорганизми.

Воздухот во објекти изолирани со камена волна е 100% чист, и нема потреба од дополнителни и едвај корисни прочистувачи за воздух.

Исто така, повеќе ниту скопските летни горештини нема да ви бидат проблем, туку напротив – задоволство. Во склоп на заедничка инфраструктура и на располагање на сите  жители на комплексот е сместен и базенот со површина од 10м х 5м, во кој има и дел предвиден за најмалите пливачи.

Уште денеска размислете, дека секогаш постои подобар алтернативен начин да се живеат урбаните потреби и истовремено да се создаде дом од соништата, каде што и вашето семејство, но и идните генерации ќе дишат чист воздух и воопшто слободно со полна плуќа ќе и се препуштат на радоста да бидат блиску до природата, со максимални расположливи услови за создавање на нови спомени. Ние се погриживме, вие одлучете каде ќе ја доверите иднината!

Ако го предизвикавме вашето љубопитство, со задоволство ќе ви овозможиме прошетка низ резиденцијалниот комплекс We and nature, и трпеливо ќе одговориме на секое ваше прашање.    

Сите заинтересирани можат да се обратат со исполнување на формулар на веб страницата на комплексот.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ