Според американски претставници, пренесува весникот, нападот со двата дрона „веројатно бил организиран од една од украинските специјални воени или разузнавачки единици“.
Нападот, посочува Њујорк тајмс, е последен во серијата тајни напади врз руски цели кои администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ја држат во немир.
Не е познато дали претседателот на Украина Володимир Зеленски знае за овие акции, ниту дали неговите најблиски соработници знаат за нив, иако некои официјални лица сметаат дека Зеленски не е запознаен со нив.
Американските агенции донесоа прелиминарен заклучок врз основа на пресретнатата комуникација во која руските власти ја обвинуваат Украина, но и врз основа на пресретнатата комуникација во која украинските власти изразуваат уверување дека нивната земја стои зад нападот.
Во раните утрински часови на 3 мај, два дрона го погодија Кремљ, предизвикувајќи само мала штета.
Американските власти велат дека нивото на нивната увереност дека украинската влада директно го наредила нападот е „ниско“, но додаваат дека тоа е затоа што американските разузнавачи сè уште немаат конкретни докази со кои украински функционери, единици или оперативци ќе се идентификуваат како инволвирани.