понеделник, 30 декември 2024
Реакција

НСП: 13 лица го тепаа нашиот колега полицаец, се здоби со тешки повреди, а само петмина добија притвор

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со нападот се лишени сите 14 лица кои учествувале меѓутоа одреден е притвор само за пет од нив. Ги прашуваме сите надлежни институции во државата, уште колку напади врз полициски службеници треба да се случат и дали треба да чекаме некој полициски службеник да загине пред да се преземат мерки против оваа сериозна и зачестена појава.

Дали доколку на ваков брутален начин биде нападнат некој судија или обвинител постапката ќе биде иста? Дали Министерството ќе му пружи поддршка и ќе ги покрие трошоците за лекувањето со оглед на тоа дека од Август 2022 година не се уплаќа колективното осигурување?

Денес е Давор, утре си ти. Стоп за нападите врз полициските службеници!“, се вели во реакцијата на НСП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ