Детскиот џагор помешан со звуците на македонската музика и гостите покажаа дека луѓето од здруженијата на Македонците од Егејот успеаја да го заживеат ова нивно катче и низ него да ја пренесуваат приказната и вистината за Егејот.
Гости беа многу членови на клубот, општественици, уметници, професори, политичари, меѓу и кои министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој е голем поддржувач на здруженијата и чии корени се исто така од Егејскиот дел на Македонија.
Домаќините од клубот најавија уште многу проекти за наредната година низ кои ќе се развива љубовта кон нашата татковина Македонија .