Вработените наведуваат неколку примери за самоволието и незаконско работење на директорката Иљази.
„Извршена е исплата на сите 18 лица за периодот 15 април – 15 мај 2024 година, иако во истиот период немаа валиден договор со Клиниката и не исполнуваа ниту една од своите работни задачи, а дел од нив се уште користат годишни одмори иако користењето на платен годишен одмор е неспоиво со договор на дело.
Иако во горенаведениот период на Клиниката се уште имаше медицински директор. исплатата е извршена без негов потпис и одобрение.
Во текот на денешниот ден доставен е урнек за пополнување на барањата за годишни одмори за 2024 година, достапен исклучиво двојазично, со изразито лош и нелитературен македонски јазик, со што грубо се крши законот за примена на јазиците, според кој двојазични формулари се право на избор, а не на наредба.
На распоредот за дежурства на медицински сестри, сите медцински сестри со договор на дело се ставени со работни задачи само во дневните смени, што е еклатантен доказ дека реално нема никаква потреба од истите, бидејќи работниот процес 24/7 се одвива и без нивното присуство.
Меѓу болничарите на кои им е продолжен договорот се наоѓа и човекот кој јавно призна дека сакал да фалсификува токсикплпшки резултат, а за своето „јуначко дело“ е награден и со годишен одмор, кој е неспоив со статусот договор на дело.
Со дезорганизацијата која ја направи организациската директорка половина месец, Клиниката ќе биде без болничар во ноќните часови, кога фреквенцијата е најголема“, предупредуваат вработените.