Кожувчанка Wellness е збогатена со природна арома на портокал и природен екстракт од ѓумбир кој има смирувачки ефект, релаксира и ослободува од напнатост со што позитивно влијае на имунолошкиот систем. Со додаток на витамин B6, Кожувчанка Wellness придонесува и за создавање на црвените крвни зрнца!
Кожувчанка Active се произведува со додаток од екстракт од гуарана и женшен. Тие, како природни извори на енергија, го подобруваат вашиот ментален и физички капацитет. Кожувчанка актив содржи витамин B12 и B6, коишто придонесуваат за нормално искористување на енергијата и намалување на заморот и исцрпеноста!
Газираните води Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active може да ги најдете во амбалажа од 0,5 л и 1,5 л погодни за секоја прилика, без разлика дали сакате да се освежите по тренинг или да уживате во текот на денот на работа или дома.
Секогаш, во секое време имате потреба од вода, освежување, минерали и витамини, соопштија од компанијата.