„Генералната команда го објавува назначувањето на Асад Хасан ал Чибани за министер за надворешни работи во новата сириска влада“, се наведува во соопштението на новите власти и се додава дека Чибани ѝ се приклучил на сириската револуција во 2011 година.
Новиот шеф на дипломатијата е роден во 1987 година во регионот Хасака, на североистокот на Сирија. Дипломирал англиска книжевност на Универзитетот во Дамаск и магистрирал на политички науки и меѓународни односи.
Познат и како Заид ал-Атар, новиот шеф на сириската дипломатија се состана со германската и француската делегација што го посетија Дамаск оваа недела за да воспостави контакти со новите власти.