петок, 18 октомври 2024

Новите Самсунг телефони на преклоп идеални придружници на вашите патувања

Самсунг повторно ги поместува границите во иновациите на мобилните телефони со лансирањето на своите најнови телефони на преклоп, Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6. Овие уреди, налик на технолошки чуда, се дизајнирани да го револуционизираат начинот на кој ги сликаме, снимаме и споделуваме нашите искуства од секојдневието, а особено оние од нашите патувања. Врвниот систем на камери и уникатниот преклоплив дизајн ги прави овие телефони задолжителни гаџети за секој ентузијаст за патување и љубител на фотографијата.

 

Објавено на

часот

Сподели

Galaxy Z Fold6: Редефинирање на мобилната фотографија со флексибилност

Galaxy Z Fold6 е моќен телефон дизајниран за оние кои го бараат најдоброто и во перформансите и во разновидноста. Неговиот преклоплив дизајн нуди единствена предност обезбедувајќи голем 7,6-инчен Dynamic AMOLED 2X екран кога е отворен, совршен за уредување фотографии во движење или уживање во извонредна содржина.

Во срцето на Galaxy Z Fold6 е софистицираниот систем на камери кој гарантира дека секоја снимка е ремек-дело. Поставувањето на задната камера со тројни леќи вклучува широкоаголен објектив од 108 MP, ултра широк објектив од 12 MP и телефото објектив од 12 MP со 3x оптички зум. Без разлика дали сликате прекрасни пејсажи од далеку или детални слики одблиску, Galaxy Z Fold6 дава неверојатна јасност и прецизност на боите.

Кога патувате камерите на Galaxy Z Fold6 ќе се погрижат да ги доловите најпрекрасните моменти со неверојатни детали во HDR, додека ноќниот режим вистински го подобрува фотографирањето при слаба осветленост, обезбедувајќи вашите вечерни авантури да бидат исто толку живописни како и дневните доживувања.

Но покрај фотографските и видео можностите кои ги нуди овој уред, неговиот голем екран кога е отворен е идеален за функцијата Пребарување со заокружување (Circle to Search) која е потребна секому кој патува. Без разлика каде се наоѓате – во една од светските метрополи, на некој остров или планина – , и дали можеби сакате да дознаете повеќе за архитектсото чудо пред вас или пак кое е прекрасното виолетово растение покрај кое минувате, доволен е само еден клик за фото, заокружување и веднаш добивате одговор на екранот. Galaxy Z Fold6 е навистина совршениот сопатник за секоја ваша авантура.

Galaxy Z Flip6: Компактен, стилски и единствен за креативен израз во секоја фотографија

Помалиот од најновата генерација телефони на преклоп од Samsung, Galaxy Z Flip6 претставува покомпактна, стилска алтернатива без компромиси во перформансите. Неговиот 6,7-инчен Dynamic AMOLED 2X дисплеј се преклопува во уред со големина на џеб, што го прави неверојатно лесен за носење, што совршено одговара за оние кои ја ценат формата и функцијата за време на нивните патувања.

Опремен со систем на камера со двојни леќи, широкоаголен објектив од 12 MP и ултра-широк објектив од 12 MP, Galaxy Z Flip6  испорачува висококвалитетни фотографии. Ултра широкиот објектив е особено корисен за снимање на експанзивни пејзажи или иконска архитектура, што го прави идеален за градски пејзажи и снимки од природата.

За спонтани моменти, функцијата Quick Shot на Galaxy Z Flip6 ви овозможува да правите селфи или брзи слики без дури и да го отворите телефонот – само допрете двапати на копчето за вклучување и снимете го моментот. Ова е совршено за оние непланирани, минливи моменти кои го прават секое патување возбудливо. Покрај спонтаноста, овој уред донесува и нови перспективи за фотографијата, благодарение на Flex Mode функцијата која го олеснува правењето селфи без раце, снимањето видеа, дури и видеоповиците со пријателите и семејството додека патувате. Можностите да го поставувате телефонот под различни агли значи дека можете да бидете креативни со вашите слики и видео содржини, снимајќи уникатни перспективи без да ви треба посебен држач или статив.

Покрај врвните перформанси и единствениот дизајн, Galaxy Z Flip6 има и фантастичен изглед кој ќе биде ваш моден детаљ благодарение на можноста да го персонализирате надворешниот FlexWindow екран според вашиот стил, вкус или аутфит.

Обата уреда, Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6, го претставуваат последниот крик на иновациите кај телефоните на преклоп на Samsung и се создадени за да уште повеќе уживате во убавините на светот, додека ги фаќате во кадар и зачувувате во извонредни фотографии.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ