четврток, 30 јануари 2025

Новите податоци откриваат дека Земјата е сѐ поблиску до црна дупка

Ако мислевте дека работите на Земјата не се идеални, еве уште едно изненадување – нашата планета е многу поблиску до супер масивна црна дупка во центарот на галаксијата отколку што се веруваше досега.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Новите набљудувања покажаа дека Земјата се движи 7 километри во секунда побрзо и е 2.000 светлосни години поблиску до супер масивната црна дупка Стрелец А.

Овие податоци се резултат на 15 годишно истражување на јапонскиот астрономски проект ВЕРА, кој ја користи техниката Истражување на радио астрометрија (ВЛБИ) за исклучително прецизни мерења. Проектот, започнат во 2000 година, има за цел да ја мапира тродимензионалната брзина и структура на нашата галаксија.

ВЕРА комбинира податоци од радио телескопи низ Јапонија, овозможувајќи неверојатна резолуција од 10 микролачни секунди, доволно прецизни за да открие паричка на површината на Месечината.

Со комбинирање на податоците од каталогот за астрометрија и нови набљудувања, научниците создадоа ажурирана карта на позициите и брзините во галаксијата.

Ова овозможи попрецизно да се лоцира галактичкиот центар, кој ја вклучува супер масивната црна дупка Стрелец А.

Ажурираната карта покажува дека галактичкиот центар е оддалечен 25.800 светлосни години од Земјата, што е поблиску во споредба со претходно прифатените 27.700 светлосни години утврдени во 1985 година. Исто така, сега се проценува дека Земјата се движи со 227 км/с околу галактичкиот центар, што е за 7 км/с побрзо од претходните мерења.

Иако овие наоди покажуваат дека сме поблиску до Стрелец А отколку што се мислеше, тоа не значи дека Земјата е во поголема опасност од супер масивна црна дупка. Овие податоци едноставно го одразуваат напредокот во астрономските методи и попрецизно создавање на модел на галаксијата.

ВЕРА ќе продолжи со своето истражување, фокусирајќи се на објекти во близина на супер масивната црна дупка во центарот на Млечниот Пат, што ќе помогне дополнително да се разбере структурата и динамиката на нашата галаксија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ