среда, 23 октомври 2024

Новите армиски хеликоптери купени од италијанскиот Леонардо ќе гасат и пожари, најави Мисајловски

Министерството за одбрана во периодот што следува ќе ги разгледа предлозите кои во изминативе неколку години работни групи од повеќе надлежни институции за оваа проблематика работеле на изработка на нов Закон за пожарникарство и во најбрз можен рок ќе излезе со предлог до Владата, изјави денеска ресорниот министер Владо Мисајловски. Тој најави дека италјанските авиони што министерството ќе ги купи од Италија ќе имаат и опрема за гасење пожари.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Мисајловски во изјава за МИА кажа дека дел од платите на пожарникарите се обезбедуваат преку наменски дотации буџетот на Министерството за одбрана. На ниво на држава 734 пожарникари се финансираат преку наменски дотации.

Во гаснењето на пожарите низ земјава учествуваат припадници на Армијата, но и еден воен хеликоптер. Прашан дали новите хеликоптери кои се набавуваат од италијанската фирма Леонардо ќе се користат и за гаснење на пожари, Мисајловски со потврден одговор.

„Хеликоптерите ќе бидат опремени со инсталација подготвени за гаснење на пожари“, изјави Мисајловски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ