Ал Голани ја предводи групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) која го собори Асад од власт минатата недела, ставајќи крај на петдецениското семејно владеење над Сирија.
Затоа Израел влезе во демилитаризираната зона во Сирија, создадена по арапско-израелската војна во 1973 година, вклучувајќи ја и сириската страна на стратешката планина Хермон со поглед на Дамаск.
Израел, кој најави дека нема намера да остане таму и го нарекува упадот на сириска територија како ограничена и привремена мерка за обезбедување на своите граници, изврши и стотици напади врз сириските залихи на стратешко оружје.
Неколку арапски земји, вклучително и Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Јордан, ја осудија израелската окупација на тампон зоната во Голанската висорамнина.
„Аргументите на Израел стануваат се послаби и нивните постапки немаат оправдување“, рече Ал Голани во интервју за сириската телевизија.
„Меѓутоа, Сирија исцрпена од војна, по години конфликти и војни, не дозволува нови конфликти. Приоритет во оваа фаза е реконструкција и стабилност, а не вклучување во спорови кои би можеле да доведат до натамошно уништување“.
Тој рече и дека дипломатските решенија се единствениот начин да се обезбеди безбедност и стабилност.
За Русија, чија воена интервенција пред речиси една деценија помогна да се сврти рамнотежата во корист на Асад и која му даде азил на соборениот диктатор претходно оваа недела, Ал Голани рече дека нејзините односи со Сирија треба да служат на заедничките интереси.