четврток, 23 јануари 2025

Новиот шеф на Тајната служба е агентот кој скокна на сцената за да го заштити Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи Шон Куран за нов директор на американската Тајна служба. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“, Трамп рече дека Куран е „голем патриот“ кој го штител неговото семејство во изминатите неколку години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Куран претходно четири години служеше како специјален агент задолжен за безбедноста на Трамп. Тој скокна на сцената за да го заштити Трамп со телото за време на првиот атентат врз него на 13 јули во Батлер. Додека раководеше со обезбедувањето на Трамп, тој надгледуваше 85 луѓе.

„Тој ја докажа својата храброст кога го ризикуваше сопствениот живот за да помогне да се спаси мојот од куршумот на атентаторот во Батлер, Пенсилванија“, напиша Трамп. Куран се приклучи на Тајната служба во септември 2001 година.

Изборот на Трамп не е во согласност со препораката на двете двопартиски комисии кои советуваа во 2015 и 2024 година некој надвор од агенцијата да биде избран за директор. За разлика од другите позиции во кабинетот или директорот на ФБИ, назначувањето на чело на Тајната служба не бара потврда од Сенатот.

Тајната служба, која е одговорна за заштита на сегашните и поранешните претседатели на САД, се соочи со криза откако вооружен маж успеа да го застрела Трамп од покривот на митинг на отворено во Батлер. Трамп беше погоден од куршум во десното уво, а еден учесник на митингот беше убиен во престрелката.

Напаѓачот, идентификуван како 20-годишниот Томас Крукс, на крајот бил убиен од снајперист на Тајната служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ