„Новите вело патеки се простираат на должина од два километри, односно по еден километар во двата правци на улицата 808 во населбата Автокоманда. На истиот потег се работи на целосно нов зелен појас, како и на нова пешачка патека, со што се овозможува поголема безбедност и сигурност за сите учесници во сообрaќајот.
Со активностите на терен се реализира проектот ‘Скопје-град на велосипеди’ кој е еден од стратешките проекти од програмата ‘За модерно Скопје’. Во изминатите две години, градот Скопје инвестира во повеќе од 30 километри нови велосипедски патеки во сите скопски општини, а проектот го изведува јавното претпријатие Улици и патишта“, велат од Град Скопје.