Од овој натпревар учениците на „Јахја Кемал“ се вратија со еден златен медал, шест сребрени, шест бронзени медали и четири пофалници во седум категории (програмирање, хакатон, хардверска контрола, лего сумо, мини сумо, лего следење на линија и робот што следи линија).
Златен медал доби Енес Аго, сребрени медали добија Никола Пејков, Салим Екрем, Јована Димитрова, Тахир Каја, Доријан Бесими и Алинд Тефик, бронзени медали добија Павел Тасев, Калин Печек, Калина Милисова, Јана Дамчевска, Мурат Несими и Лис Демири.
Пофалници добија Али Керем Шахин, Наим Ердил, Ајан Хавзију и Адис Ајрули.