„Сè уште е во тек пријавената епидемија од месец март. Минатиот месец имавме 20 нови случаи. Инаку, од почетокот, досега на ниво на Центарот за јавно здравје, пријавени се вкупно 86 случаи, од кои 70 на ниво на општина Куманово и општина Липково“, изјави раководителката на епидемиолошкото одделение, доктор Јадранка Стаменковска.
Остануваат препорачаните мерки, пребарување на невакцинираните, на нецелосно вакцинираните деца, целосна вакцинација, изолација на заболените.
„Активно ги пребаруваме заедно со екипите од Здравствен дом, оние деца кои се невакцинирани и некомплетно вакцинирани. Останува препораката за целосна вакцинација особено до една година, три дози на ди-те-пер да се дадат и оние коишто доцнат со вакцините, бидејќи една од противепидемиските мерки е редовно да се вакцинираат и да се пронаоѓаат оние коишто се некомплетно вакцинирани. Тука е изолацијата на заболените, се следи состојбата на ниво на Центарот за јавно здравје – Куманово“, додаде Стаменковска.