понеделник, 3 февруари 2025

Нови осуммина уапсени во случајот за набавката на адитиви за јаглен за РЕК Битола и Осломеј

Од досега спроведената истражна постапка за предметот познат во јавноста како Адитив, во насока на проширување на постапката, под раководство на предметните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), кои постапуваат во предметот, денеска се приведени осуммина од Битола, Кичево и Велес и извршен е претрес на една локација во Велес, информираа од ОЈО ГОКК. Во декември 2024 година, Јавното обвинителство соопшти дека отвори истрага против 23 луѓе осомничени дека во периодот од 13 април 2023 до 23 август 2024 година, во својство на службени лица во ЕСМ и Македонска пошта создале група која се договарала да ги изигра постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на ЕСМ – подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј.

Објавено на

часот

Сподели

„Како резултат на обезбедениот доказен материјал, донесена е уште една Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица за кои постои основано сомнение дека три лица опфатени со претходната истрага сториле и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. За истото дело се осомничени и уште пет други лица од кои на првоосомничената се товари и за кривично дело Злосторничко здружување. На три лица опфатени со истражната постапка им се става на товар дека ја злоупотребиле службената положба и овластување. Воедно, во предметот покрај досегашните четири кривично одговорни правни лица опфатено е уште едно правно лице чиј сопственик и управител е првоосомничената“, информираа од ОЈО ГОКК.

Оттаму велат дека ценејќи дека се исполнети условите, обвинителството до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе предложи мерка притвор против првоосомничената и мерки на претпазливост за останатите осум осомничени, додека за тројцата осомничени за кои веќе се води истражна постапка остануваат претходно изречените мерки за обезбедување на присуство.

Во меѓувреме дополнително на предлог на обвинителството доплнително се замрзнати 22.399.953 денари и едно патничко моторно возило во вредност од 4.735.000 денари.​

Во декември 2024 година, Јавното обвинителство соопшти дека отвори истрага против 23 луѓе осомничени дека во периодот од 13 април 2023 до 23 август 2024 година, во својство на службени лица во ЕСМ и Македонска пошта создале група која имала за цел вршење на кривични дела злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство, злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело.

„Така, откако организирале и извршиле пререгистрација на дејност на правните субјекти во нивна сопственост, осомничените управители и сопственици на правни лица, како учесници во постапки (економски оператори), меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на ЕСМ – подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј. На начин опишан во диспозитивот на наредбата, овозможиле кривично одговорно правно лице да го добие договорот за јавна набавка за набавка на адитиви против формирање на згура/троска при согорување на јаглен во котел, адитив RPT 601, 190.000 кг. за потребите на РЕК Битола и 120.000килограми адитиви RPT 602 за потребите на РЕК Осломеј и да се стекне со имотна корист од големи размери во вкупен износ од 397.636.400,00 денари.

 

Потоа, со намера да го прикријат движењето на парите за кои знаеле дека се прибавени со кривично дело злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство од чл.275-в од КЗ, дел од осомничените организатори и дел од осомничените припадници на злосторничкото здружение во периодот од 24 ноември 2023 до 28 јуни 2024 година во Битола, Неготино и Скопје пуштиле во оптек, примиле пари, извршиле пренос на паричните средства и подигале готовина во вкупен износ 414.776.400 денари“, информираа тогаш од ОЈО ГОКК.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ