недела, 22 декември 2024

Нови можности за економска соработка, Мицкоски за посетата на Орбан

Премиерот Христијан Мицкоски по повод пристигнувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека посетата ќе отвори нови можности за економска и култура соработка.

Објавено на

часот

Сподели

„Горди на можноста да ја зајакнеме соработката помеѓу нашите две земји. Веруваме дека оваа посета ќе отвори нови патишта за економска и културна размена и ќе ја зајакне нашата пријателска врска. Очекуваме плодни разговори и заеднички иницијативи“, пишува во објавата.

Унгарскиот премиер попладнево со владина делегација во која има 10-тина министри пристигна во Охрид каде утре ќе има средба со премиерот Мицкоски, а ќе се одржи и меѓувладина седница.

Орбан беше пречекан со високи државни почести на Охридскиот аеродром.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ