среда, 4 декември 2024

Новата шефица на ЕУ дипломатијата со Вучиќ и Курти (ФОТО)

Новата висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави денес во Брисел дека единствениот пат до членство во ЕУ е нормализација на односите на Белград и Приштина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Единствениот пат до членство во ЕУ е нормализација на нивните односи, врз основа на договорот од Охрид“, порача Калас на социјалната мрежа Икс на која постираше фотографии од одвоените состаноци со претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти.

Калас додаде дека ја поздравува „спремноста за целосна соработка по неодамнешниот терористички напад. Извршителите мора да се соочат со правдата“.

Курти во разговорот со Калас побарал Белград да им го предаде на косовските власти Милан Радоичиќ, за кој Приштина тврди дека е организатор на инцидентот во Бањска од 24 септември минатата година.

Вучиќ синоќа во Брисел кажа дека се очекува Калас да го посети Белград во февруари. „Се очекува таа (Каја Калас) да дојде во Србија во февруари“, им кажа Вучиќ на новинарите по состанокот со функционерката на ЕУ. Според него состанокот бил „отворен, искрен, но не и лесен“, бидејќи Калас инсистирала на поголема усогласеност на Србија со политиката на ЕУ, како воведување санкции против Русија. „Одговорив во согласност со политиката и интересите на Србија“, кажа Вучиќ.

Додаде дека покрај Калас, разговарал со помошникот министер за надворешни работи на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Браен за ситуацијата на Косово и дека му кажал дека и Србија спроведува истрага за инцидентот во Зубин поток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ