вторник, 22 октомври 2024

Нов удар за Нетанјаху, израелски суд одлучи дека ултраортодоксните студенти мора да се регрутираат

Израелскиот Врховен суд едногласно пресуди дека ултраортодоксните студенти по теологија мора да се регрутираат бидејќи повеќе не постои законска рамка на основа на која владата би одобрила нивно изземање од служењето на воениот рок.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Судот пресуди и дека владата повеќе не може да им пружа финансиска поддршка на студентите по теологија кои студираат наместо да се во воена служба, пренесува Тајмс оф Израел.

„На врвот на тешката војна, товарот на нееднаквоста е повеќе од кога било акутен“, се наведува во едногласната пресуда на судот.

Повеќето Израелци се по закон обврзани да служат војска, додека ултраортодоксните еврејски студенти по теологија се главно изземени со децении.

Судот, меѓутоа, не прецизираше кога треба да се спроведе законот, ниту колку ултраортодоксни студенти треба да се регрутираат. Се проценува дека околу 67.000 припадници на ултраортодоксната еврејска заедница Хареди ги исполнуваат условите за воена служба.

Пресудата веројатно ќе има драматични политички и општествени последици имајќи предвид дека коалицијата на премиерот Нетанјаху зависи од две ултраортодоксни партии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ