сабота, 19 октомври 2024
НБА

Нов трипл-дабл на Јокиќ, го помина Леброн на вечната листа! (ВИДЕО)

Никола Јокиќ се качи на четвртото место на табелата со најмногу трипл-дабл учиноци во историјата на НБА, Србинот со нова блескава партија го предводеше Денвер до победа над Њу Орлеанс од 134-116.
 

Објавено на

часот

Сподели

Никола Јокиќ иако во мечот влезе со блага повреда, одигра спектакуларен натпревар, постигна 35 поени, имаше 14 скокови и 12 асистенции. Со овој трипл-дабл го помина Леброн Џејмс и се качи на четвртото место на вечната листа. Пред него се Расел Вестбрук, Оскар Робертсон и Меџик Џонсон.

Што се однесува до мечот, Денвер не почна најдобро, по првото полувреме губеше со 71-59, но работите комплетно се променија во вториот дел, па Нагетс дури дојдоа и до убедлива победа од 134-116.

Одличниот старт на сезоната го продолжи и Далас кој со 117-102 славеше на гостувањето кај Орландо. Лука Дончиќ беше најдобар стрелец на мечот со 29 поени, имаше и шест асистенции и три скока.

Резултати:

Детроит – Голден стејт 109-120

Индијана – Сан Антонио 152-111

Орландо – Далас 102-117

Филаделфија – Вашингтон 146-128

Бруклин – Милвоки 125-129

Мајами – ЛА Лејкерс 108-107

Њујорк – ЛА Клиперс 111-97

Чикаго – Јута 130-113

Хјустон – Сакраменто 122-97

Минесота – Бостон 114-109

Оклахома – Атланта 126-117

Денвер – Њу Орлеанс 134-116

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ