Грчката енергетска компанија ЕДС (Energy delivery solutions) веќе најавува дека ќе се пријави на овој повик.
Пред пет години, на 1 јули 2019 година ЕВН хоум потпиша петгодишен договор за универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи. Маржата за овие пет години беше 11,5 проценти.
На актуелниот јавен повик условот е маржата да биде максимум 11,5 %. Тоа значи дека понудувачите ќе мора да понудат намалена маржа за снабдувачот, што на крај ќе треба да резултира со пониски цени на електричната енергија за граѓаните.
И министерот за економија Крешник Бектеши е согласен дека со ваквиот услов на јавниот повик компаниите што ќе конкурираат ќе мора да ја намалат цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи.
Втор услов за учество на овој тендер е понудувачите да имаат работен капитал во вредност од 40 милиони евра. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е надлежна да го спроведе овој тендер со електронска аукција, кој треба да се одржи во февруари 2024 година.