вторник, 17 декември 2024

Нов смртен случај на Детската клиника, почина седуммесечно бебе

Седуммесечно бебе почина на Клиниката за детски болести во Скопје. Бебето било примено минатата недела поради сериозен синдром кој зафатил повеќе органи, а во меѓувреме тешката здравствена состојба дополнително се влошила.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за здравство попладнево информираат дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно надлежностите, ќе изврши вонреден инспекциски надзор во врска со случајот.

„Во врска со случајот со починатото седуммесечно бебе, донесено синоќа на Клиниката за детски болести, од Клиниката информираат дека било примено под сомнение за сериозен синдром со прогресивен тек, што предизвикал оштетување на повеќе органи, за жал состојбата на бебето се влошила и покрај максималните напори на медицинскиот персонал, по што настапило рапидно влошување на состојбата. Се очекува да биде извршена обдукција, по што ќе бидат точно утврдени причините за смртта“, информираат од Министерството за здравство.

Директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди во изјава за МИА појасни дека бебето било со генетски проблем и имало оштетени повеќе органи. Според Мемеди, биле запазени сите процедури и третмани и нема лекарска грешка. Тој вели дека се работи за неоснован притисок врз Клиниката и здравствениот персонал во оваа институција.

Ова е четврти смртен случај на Детската клиника за неколку месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ