„Поради дефект на 20 киловолтен кабел на извод на трафостаницата Тетово 1 околу 3.800 корисници се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција се на терен и работат на санација на дефектот“, информираат од компанијата Електродистрибуција при ЕВН Македонија, која управува со дистрибутивната мрежа.
Претходниот дефект на истата 110 киловолтна трафостаница Тетово 1 беше причина без струја да бидат околу 5.000 корисници.