Нотингем Форест се најде во зоната за испаѓање откако му се одземени четири бода поради прекршување на правилата за ФФП.
Популарните „шумари“ го надминале дозволениот минус од 61 милион фунти во период од три години (две од годините се во Чемпионшип) поради тоа што чекале подобра понуда за својот најдобар играч, Бренан Џонсон.
На почетокот од летото, Брентфорд понудил 30 милиони фунти, но раководството на Нотингем Форест било убедено дека може да добие многу повеќе во следните месеци.
Тие беа во право, Тотнем на крајот плати 47,5 милиони фунти за услугите на перспективниот Англичанец, но зделката не е земeна во предвид при изготвувањето на финансискиот извештај заклучно со 30. јуни, и ова му направи проблем на Нотингем Форест.
Се очекува жалба, „шумарите“ ќе спорат дека на долг рок ќе имаат бенефит од една ваква зделка и тоа што чекале два месеци.