сабота, 1 февруари 2025

Норвешка заплени брод со руски екипаж, го сомничи за саботажа на подводни кабли

Норвешката полиција го заплени товарниот брод Силвер Даниа, кој плови под руско знаме, поради сомнеж дека учествувал во оштетувањето на подводниот телекомуникациски кабел во Балтичко Море. бродот бил сопрен во четвртокот вечерта, а вчера норвешката крајбрежна стража го испратила до пристаништето Тромсе врз основа на барање на летонските власти и пресуда на норвешки суд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата соопшти дека постои основан сомнеж дека бродот, кој пловел меѓу руските пристаништа Санкт Петербург и Мурманск, во неделата сериозно го оштетил кабелот кој ја поврзува Летонија со шведскиот остров Готланд.

Шведски обвинители објавија дека отвориле прелиминарна истрага за сомнеж на саботажа и дека наредиле притворање на бродот Вежен, кој плови под знаме на Малта, поради сомнеж дека го оштетил истиот кабел. Бугарскиот сопственик на Вежен изјави дека постои можност бродот случајно да предизвикал пукање на кабелот, но ја отфрли можноста за саботажа или каков било прекршок.

Овој инцидент е во контекст на сè поголемата загриженост за безбедноста на подводната инфраструктура во Балтичко Море, особено откако во последните три месеци без оштетени подводни кабли меѓу Летонија и Шведска, Германија и Финска и Естонија и Финска.

Норвешката полиција ја продолжува истрагата за да се утврди дали оштетувањето на кабелот било намерно или резултат на несреќа, додека се очекуваат понатамошни меѓународни реакции на инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ