„Во 3.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно на подрачје на Центар со шише со запалива течност предизвикал пожар на патничко возило марка шкода фабија со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.М.(69) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.К.(55) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
А.Г. бил задржан во Полициската станица Центар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението на МВР.
Ноќеска приведен скопјанец кој запали два автомобили
Објавено на
часот