среда, 5 февруари 2025

Нобеловец за мир апелираше до Путин да не употреби нуклеарно оружје

Теруми Танака, кој го преживеал американскиот напад врз Јапонија со атомските бомби, а е претставник на организацијата што годинава ја доби Нобеловата награда за мир, вчера го повика рускиот претседател Владимир Путин да престане со нуклеарните закани.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

92-годишниот Танака зборуваше на прес-конференција во Осло, еден ден пред церемонијата на која ќе одржи предавање во име на Нихон Хиданкјо, организацијата на преживеаните во Хирошима и Нагасаки, која ја освои овогодишната награда.

На прашањето дали има порака за Путин, Танака рече дека постојаните нуклеарни закани од рускиот лидер го увериле дека Путин не разбира колку разорна би била употребата на такво оружје.

Тој рече дека пораката на неговата организација до Путин, која според него била пренесена директно до рускиот лидер, е дека „нуклеарното оружје е нешто што никогаш не смее да се користи“.

„Мислам дека тој воопшто не размислувал за ова, ниту дека го разбира ова. Затоа е во состојба да зборува такви работи. Затоа мислам дека она што треба да го направиме е како што можеме да го промениме неговиот начин на размислување за тој навистина да разбере што е тоа“, рече Танака.

Првата атомска бомба уби 140.000 луѓе во градот Хирошима на 6 август 1945 година, а втората, која беше фрлена врз Нагасаки на 9 август 1945 година, уште 70.000. луѓе. Јапонија се предаде на 15 август, со што Втората светска војна заврши.

Танака загубил пет члена на семејството и рече дека сликите од спалените тела во разурнатиот град се врежани во неговото сеќавање. Комитетот истакна дека нуклеарните сили, наместо да прифатат разоружување, го надградуваат својот арсенал и дека се чини дека другите земји се подготвуваат да набават нуклеарно оружје.

Се наведува и дека заканите дека ќе се употреби оружјето упатуваат на тековната војна, со што се поврзуваат и заканите на Русија во војната во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ