„Ова масовно движење на преживеаните од Хирошима и Нагасаки, познато и како Хибакуша, ја добива наградата за своите напори да создаде свет без нуклеарно оружје из а демонстрирање со помош на сведочења на преживеаните дека нуклеарното оружје никогаш повеќе не смее да се употреби“, соопшти одборот кој ја доделува наградата.
Минатата година наградата ја доби Наргес Мохамади, затворената иранска активистка за правата на жените, а претходно оваа награда ја добиле јужноафриканскиот борец против апартхејдот Нелсон Мандела и пакистанската активистка Малала Јусафзаи за својата борба за правото на девојчињата на образование.
Нобеловата награда ја создал богатиот шведски произведувач на оружје Алфред Нобел, кој во својот тестамент одредил дека неговиот имот треба да се користи за финансирање „награди за оние кои во текот на изминатата година му донеле најголема корист на човештвото“.