Операта „Лидија од Македонија” е опера во два дела со библиска тема. Создадена е во 2001 година, по нарачка од тогашниот Македонски народен театар.
„Се работи за првата покрстена жена на европскиот простор од свети апостол Павле, која се викала Лидија и била од Македонија“, информираат од Националната опера и балет.
Либретото го направија Гиј Шелеи и Дора Петрова во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, а режисер Пламен Карталов.
Обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева.
Во главните улоги ќе настапат Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа, Александра Лазаровска – Василевски / Елена Голомеова – Агиа и Марика Поповиќ / Соња Пендовска Мадевска – Дина.
Заедно со нив, на сцената ќе настапуваат и хорот и оркестарот на Националната опера и балет.