понеделник, 21 октомври 2024

Низ Суецкиот канал сега минуваат 39 отсто помалку бродови: „Последиците се драматични“

Обемот на товарот во транзит низ Суецкиот канал се намалил поради тензиите во Црвено Море за 45 отсто во однос на почетокот на декември, предупреди агенцијата на ОН за трговија и развој УНЦТАД. Низ Суецкиот канал сега минуваат 39 отсто помалку бродови, извести агенцијата, што значи пад на обемот на товарот за 45 отсто.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во минатата недела контејнерските пратки се намалиле за 82 отсто во однос на почетокот на декември, а уште повеќе се намалени пратки на течен гас, истакнува УНЦТАД, не наведувајќи бројки. Транспортот на житарки само малку се намалил, а транспортот на нафта со танкери се зголемил, наведува агенцијата на ОН.

Низ Суецкиот канал минуваат 12 до 15 отсто од глобалната трговија и 25 до 30 отсто од контејнерскиот промет. на почетокот на ноември јеменското движење Хути почна во Црвено Море да ги напаѓа бродовите поврзани со Израел, барајќи примирје во палестинскиот Појас Газа и достава на хуманитарна помош на Палестинците. Движењето е водечка сила во сојузот кој управува со поголемиот дел на Јемен.

Соединетите Американски Држави и Британија одговорија со напади на цели во Јемен, со објаснување дека сакат да го заштитат пловењето на комерцијалните бродови, што дополнително ги заостри тензиите во регионот.

Во таква ситуација логистичките компании почнаа да ги пренасочуваат бродовите околу Ртот на Добра надеж, што го продолжува патувањето и до 14 дена и ги зголемува трошоците за гориво, со ризик на разгорување инфлација, загрозување на прехранбената безбедност и поголеми емисии на штетни гасови, истакнува УНЦТАД.

Од почетокот на декември 2023 цените за транспорт во Шангај во просек се двојно зголемени, а оние до Европа и тројно, истакнува УНЦТАД, а пораснале и на потегот до западниот брег на САД.

Агенцијата на ОН очекува повеќекратни последици од ваквиот развој на ситуацијата, предупредувајќи на поголеми трошоци, можно јакнење на инфлацијата и доцнење на пратките и влошување на факторите кои ги поттикнуваат климатските промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ