Елиф Елмас се враќа во Серија А, по многу шпекулации за неговата иднина, тој се решил за преселба во Торино.
Како што пренесува новинарот Фабрицио Романо, Македонецот ќе биде позајмен на „биковите“ до крајот на сезоната, со опција неговиот договор во целост да биде откупен за 17 милиони евра.
Елиф Елмас пред една година се пресели во РБ Лајпциг во зделка вредна 24 милиони евра, но не успеа посериозно да се наметне, па доби дозвола да си најде нов клуб.
🐂🤝🏻 Eljif Elmas will become Torino player on loan move with €17m buy option.
Exclusive story, confirmed. ⤵️🇲🇰 https://t.co/zMUBv4C2gN
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 28, 2025