сабота, 22 февруари 2025

Нирвана трибjут концерт утре во Лабораториум

Marigold Box европскиот бенд на Нирвана од Бергамо, Италија утре вечер ќе настапува во Скопје. Трибјут бендот Marigold Box е целосно посветен на легендарните песни на бендот од Сиетл, Нирвана. Без костими, без перики, само вистинската суштина на Курт Кобејн!

Објавено на

часот

Сподели

Овој италијански бенд се смета дека е меѓу најдобрите Nirvana трибјут бендови во цела Европа, а во 2025 година ќе свират на најважниот трибјут фестивал во Германија – Thunder Rail Festival, како и во познати клубови во Швајцарија, Србија, Италија.

Тие ја враќаат моќната и верната музика во живо на Курт Кобејн и Нирвана со огромно шоу во живо.

Концертот ќе биде во Лабораториум Скопје, утре со почеток од 20:30h.  Билети во продажба на www.drugastrana.mk или на влез пред концертот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ