недела, 22 декември 2024

Николов и Стерјовски на средба со шефот на делегацијата на Канада во ОБСЕ

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), Бил Николов и Васил Стерјовски, македонски активист за човекови права од Албанија и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во Канада продолжуваат со средби со претставници на канадската Влада и Министерството за надворешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Николов и Стерјовски се сретнале со д-р Хеди Фрај, шеф на канадската делегација во Парламентарното собрание (ПС) на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и специјален претставник во ПС на ОБСЕ за родови прашања, и канадска пратеничка.

„Николов повика Канада да ја смени својата антимакедонска политика, спроведувана од Либералната партија на Канада, а делегацијата на ПС на ОБСЕ на Канада да ги спроведе своите цели за „почитување на човековите права и основните слободи“ на Македонците“, додаваат од ММДЧП.

Николов објаснил дека „сеопфатното прашање околу експоненцијалното зголемување на антимакедонските активности на Балканот е присилната промена на името по барање на Грција и незаконски  наметната САД и режимот на Заев”.

„Следеа груби прекршувања на меѓународното и македонското право, човековите права и граѓански слободи, со цел да се обезбеди незаконско наметнување на крајно навредливото име   ‘Северна Македонија’, специјално дизајнирано да го искорени идентитетот, културата и историјата на Македонците во замена Грција да го укине своето вето за кандидатурата на Македонија за членство во НАТО наметната од САД. Западот, вклучително и Канада, дадоа поддршка на Грција, Бугарија и Албанија да ги продолжат своите политики на негирање на идентитетот на Македонците и експоненцијално да го зголемат кршењето на човековите права на Македонците. Бугарија ги прошири своите напади врз Македонците во Бугарија, вклучително и против културниот центар во Горна Џумаја, заканите од тајната полиција и приведувањето на присутните на македонските комеморации, експлозијата на антимакедонски говор на омраза од бугарските политичари и медиуми, меѓу многуте други“, додаваат од движењето.

Стерјовски од своја страна информирал дека Бугарија ги проширила своите антимакедонски активности во Албанија и „побараа и добила помош од албанската влада во нејзиното тврдење дека македонското малцинство во Албанија одеднаш е „бугарско“, во замена за укинување на ветото на Бугарија за кандидатурата на Албанија за членство во ЕУ”.

„Бугарија постојано испраќа високи функционери во Албанија за отворено мешање и предизвикување провокации. Тоа посебно до израз дојде, со нејзиното мешање во пописот во Албанија во 2023 година, на кој двете земји заговарале Бугарите да се појават како етничко малцинство и  што се случи за првпат во историјата на Албанија. Сите малцинства во Албанија заеднички го осудивме пописот и повикавме на нов попис на кој ќе бидат присутни меѓународни набљудувачи“, рекол Стерјовски.

Исто така, Стерјовски ја запознал Фрај со положбата на Македонците во Албанија кои традиционално живеат долж македонско-албанската граница во областите на Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и Врбник како и во поголемите градови на Албанија и со неможноста за изучување на македонскиот јазик во областите каде што живеат Македонците, освен во областа на Мала Преспа каде континуирано 80 години има настава на македонскиот јазик.

Николов ги осудил „двојните стандарди на Западот во селективната примена на заштитата на човековите права и намерното кршење на правата на Македонците”.

ММДЧП и МАЕИ ја повикале Канада да ги осуди „антимакедонските акции на Бугарија, Албанија и Грција, да побара итно враќање на името на Македонија и да обезбеди еднаков третман и заштита на човековите права за сите Македонци”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ